NUK Цуцла Лажалка Анатомска силикон "Mommy Feel" (0-9мес.) 2/пакување
YouTube video за NUK Mommy Feel
*
* Согласно научните истражувања спроведени од страна на педијатри, педијатри ортодонти, ортодонти и патронажни сестри, со помош на компјутерски модел и широка дискусија на добиените резултати дојдено е до заклучок дека; ризикот од евентуални деформации на забите и вилиците кај бебињата и децата е најмал при користење на анатомската форма која ја патентира и практикува NUK т.е кај цуцлата со облик на мајчина брадавица во моментот на доење . Начното истражување е спроведено на португалскиот универзитет МИНХО во Мај 2022, под раководство Dr. João Miguel Nóbrega and Prof. Dr. Ana Norton ,а во склоп на проект наречен "Pacifiers - current scientific findings and implications for practice".
NUK Mommy Feel цуцлите имаат примарна улога до не доведат до конфузија во доењето т.е. да не дозволат бебето да почувствува дека цуцлата е всушност замена за цицањето. Наменета е за бебиња од 0-9 месеци старост и пакувани се по 2 цуцли во хигиенска кутија која може да се користи за стерилизација. Се работи за цуцла која дава чувство на контакт со мајката - Mommy Feel.
Врската која со доењето се воспоставува помеѓу мајката и детето е многу чувствителна и драгоцена. Ова е основната причина поради која се дизајнирани NUK Mommy Feel цуцлите.*** Смислата на оваа цуцла е да го смири детето а, воедно да не ја наруши врската помеѓу него и мајката воспоставена со чинот на доењето. За нежното чувството како да е во контакт со мајката придонесува обликот на цуцлата кој ја симулира мајчината брадавица во моментот на доење, но и супер мекиот силикон кој е мек како кожа.
Следна, но не помалку значајна карактеристика на оваа цуцла со облик на мајчина брадавица е и тоа што кај овој тип на цуцла бебето т,е. неговите усни се во контакт само со силиконсиот дел за цицање, при што лицето не го допираат тврди пластични делови и на тој начин се елиминира можност за било какви иритации на кожата околу устата. Секако бебето преку доењето веќе е научено да биде во контакт со брадавицата, во случајов со мекиот силиконски дел за цицање. Оваа NUK цуцла ги комбинира двете најзначајни карактеристики на NUK , а тоа се анатомскиот NUK облик кој научно е докажано** најдобриот облик за правилен орален разво кај децата и секако немањето на контакт помеѓу цуцлата и лицето на бебето што е слично како кај доењето и со што се спречува појава на иритации на кожата на лицето.
NUK Mommy Feel цуцлите се добитник на меѓународната награда за дизајн iF Design Award 2024. Цуцла која е севкупен победник и во погед на функционалноста и во поглед на дизајнот.
* Независно истражување на Германскиот пазар во 2022,
**научно истражување во кое се компарирани 4 основни облици на цуцли лажалки "Pharmawissen aktuell 2022.
***NUK Mommy Fel e е дизајнирана специјално само за периодот на доење, по премин на дохрана препорачуваме оваа цуцла да ја замените со некоја од другите анатомски цуцли од колекцијата на NUK.
Самоодрживоста за NUK не е само тренд, туку вистински предизвик. Токму поради ова настојувавме делот од пакувањето на цуцлата кој се фрла да биде од рециклирачки материјали или да се користи и понатаму. NUK Mommy Feel цуцлите доаѓаат по 2 во пластична кутија која се користи за стерилизација на цуцлите со помош на вода во микро-печка.
Стерилизација спроведете ја со помош на приложената кутија во само 4 чекори:
Тестирано од страна на Патронажни сестри:
NUK Mommy Feel цуцлите беа тестирани во период од 4 недели од страна на преку 100 искусни Германски патронажни сестри.Резултатот кој е добиен како повратна информација од самите сестри, но и бремените жени, доилки, мајки и родители со кои истите оствариле контакти беа импресивни. 92% од тестираните се изјасниле дека би ги препорачале NUK Mommy Fell.
General | |
Brand | NUK |
Kategorija | Цули Лажалки Mommy Feel |
Vozrast | 0-9 meseci |
Sodrzina | NUK цуцла лажалка Mommy Fell pakuvanje od 2 vo kutija. |
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕУРОАЛБА ДООЕЛ
ул. Партизански одреди 64г, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)2 306 5717
e-mail : euroalba@euroalba.com.mk
ЕМБС: 5559928 | ЕДБ : MK4030001426797
Жиро сметка: 210 055599280 112
Тутунска банка Скопје