NUK First Choice+ шише ПП 300мл силикон цуцла Flow Control (6-18мес.) - Temperature Control
Temperature Control - е најновата функција на NUK First Choice+ шишенцата со помош на која во секое време ќе знаете дали температурата на подготвената храна е соодветна за вашето дете. Оваа функција е представена во вид на три линии поставени на задната страна по должината на шишенцето, веднаш до мерната скала. Како што се менува температурата на храната така се менува и бојата на трите споменати линии. Доколку храната е претопла линиите ќе побелат т.е. ќе станат бели. Доколку бојата на линиите е темно сина во тој случај храната не е доволно загреана. Храната е на соодветна температура во момент кога трите линии ќе бидат СВЕТЛО СИНИ, т.е. температурата на храната е приближно 37ºC, што се смета за идеална температура за деца и бебиња. Секако не оставајте на случајноста, и секогаш пред да ја дадете храната на вашето дете проверете ја топлината на истата со капнување неколку капки на вашата дланка.
Повеќе за Temperature Control на YouTube линкот (слика подолу):
Со NUK First Choice+ програмата е направен уште еден чекор поблиску кон природниот начин на исхрана. FC+ цуцлата за шише има облик на мајчина брадавица во моментот на доење и воедно го помага правилниот орален развој кај децата. Самата форма на цуцлата остава доволно простор за правилно и непречено функционирање на јазикот и долната вилица при цицање. Меката зона во горниот дел на цуцлата овозможува нејзино идеално прилагодување кон непцето без непотребен притисок врз истото. NUK Air Anti Colic системот претставен преку вентилот на цуцлата врши компензација на воздушниот притисок во шишенцето и спречува болни загрцнувања и гасови. Шишенцето е изработено од траен, високо-квалитетен полипропилен (ПП) и не содржи токсини и штетни материи.
Повеќе инфо за NUK First Choice+ на линкот подолу:
General | |
Brand | NUK |
Kategorija | First Choice+ Temperature Control |
Vozrast | 0+ месеци |
Sodrzina | шишенце ПП 300мл со силикон анатомска анти колик цуцла 0-6 месеци со термометар за контрола на температура на храна. |
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Распродадено
ЕУРОАЛБА ДООЕЛ
ул. Партизански одреди 64г, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)2 306 5717
e-mail : euroalba@euroalba.com.mk
ЕМБС: 5559928 | ЕДБ : MK4030001426797
Жиро сметка: 210 055599280 112
Тутунска банка Скопје