NUK For Nature Шишенцe ПП 150/300мл anatomic anti-colic цуцла (0+мес) - Temperature Control
NUK For Nature колекција е најдброто за вашите деца, поради многуте функционални предности и поради тоа што само-одрживоста е подобра! NUK For Nature шишенцата се изработени од 100% само-одрживи (разградиви) материјали со (mass balance method) и со тоа не ја загадуваат природата: Anti-Colic цуцлата е изработена од мек природен силикон, сите останати делови се од разградива пластика. Сите NUK For Nature производи се пакувани во амбалажа која е од 100% био-разградива хартија.
Тemperature Control - е најновата функција на NUK For Nature шишенцата со помош на која во секое време ќе знаете дали температурата на подготвената храна е соодветна за вашето дете. Оваа функција е представена во вид на три линии поставени на задната страна по должината на шишенцето, веднаш до мерната скала. Како што се менува температурата на храната така се менува и бојата на трите споменати линии. Доколку храната е претопла линиите ќе побелат т.е. ќе станат бели. Доколку бојата на линиите е темно сина во тој случај храната не е доволно загреана. Храната е на соодветна температура во момент кога трите линии ќе бидат СВЕТЛО СИНИ, т.е. температурата на храната е приближно 37ºC, што се смета за идеална температура за деца и бебиња. Секако не оставајте на случајноста, и секогаш пред да ја дадете храната на вашето дете проверете ја топлината на истата со капнување неколку капки на вашата дланка.
Повеќе за Temperature Control на YouTube линкот (слика подолу):
Ништо не може да ја замени природата, но секако можеме истата да ја искористиме како модел. Поаѓајки од ваквата идеја NUK го создаде Nature For Nature шишенцето. Што е карактеристично за ова шишенце? Кај Nature шишенцето цуцлата има повеќе мали отвори (не само еден) слично како кај мајчината града со што се овозможува непречен природен тек на храната. Токму оваа блисокст до природниот начин на исхрана прави ова шишенце лесно да биде прифатено од бебињата.
NUK For Nature цуцлата е изработена по урнек на мајчината брадавица во моментот на доење. Затоа за мајките кои не можат да дојат или истото го комбинираат со исхрана со шишенце на ваков начин имаат оптимална опција најблиска до природниот начин на исхрана. Цуцлата има широка основа за припивање на горната и долната усна, која заедно со уникатниот NUK Аnti-colic Air System (вентил на цуцлата) спречуваат појава на болни загрцнувања и гасови. Врвот на цуцлата е екстра мек, слично на мајчината брадавица, и на таков начин идеално се прилагодува на непцето без вршење притисок врз истото.
NUK Nature Sense цуцлите доаѓаат во три варијанти: S - (Small) со 3 отвори за вода чај или мајчино млеко: М - (Medium) со 6 отвори за мелчни формули и друга млечна храна и L - (Large) со 9 отвори за кашести течности.
Согласно спроведените независни истражувања на пазарот во Германија, 92% од бебињата без проблем ги прифатило NUK For Nature шишенцата, 99% од мајките би ги препорачале на друг, а 98% од испитаните педијатри и патронажни сестри сметаат дека концептот на Nature Sense е близок до природниот начин на исхрана.
Повеќе за NUK Nature Sense на линкот подолу:
General | |
Brand | NUK |
Kategorija | NUK For Nature |
Vozrast | 0+ meseci |
Sodrzina | Sisence od polipropilen so silikon cucla 150/300ml so temperature control. |
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕУРОАЛБА ДООЕЛ
ул. Партизански одреди 64г, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)2 306 5717
e-mail : euroalba@euroalba.com.mk
ЕМБС: 5559928 | ЕДБ : MK4030001426797
Жиро сметка: 210 055599280 112
Тутунска банка Скопје