Smart - Trike Точаче Трицикл "Navy Star" (10-36 мед.)
- Smart Trike е најпознатиот, најпродаваниот и најнаградуваниот светски бренд на точачиња - трицикли, присатен во преку 80 земји во светот.
- Smart Trike Navy Star е трицикал наменет за деца од 10-36 месеци, изработен од трајни високо-квалитетни материјали и ќе ви овозможи долги години користење и забава.
- Navy Smart е паметен трицикал кој го прати растот и развојот на вашето дете преку прилагодување во 4 фази:
- Фаза - 1 (10+ месеци): детето е сигурно исправено седнато со нозете поставени наместо на педалите врз посебни додатоци за одмарање на нозете. Детето е прицврстено со сигурносни ремени и поставено во сигурносната преграда. Родителот има целосна контрола во управувањето на точачето.
- Фаза - 2 (18+ месеци): седиштето се трансформира преку вадење на високиот наслон и сигурносните ремени. Секако заштитната преграда се уште стои да го заштити детето. Родителот се уште има целосна контрола. Децата и понатаму уживаат и ја унапредуваат самодовербата, ги развиваат своите моторички вештини и способноста за балансирање.
- Фаза - 3 (24+ месеци): со притискање на копчето на предното тркало префрлете ја контролата врз педалите и управувачот на детето и овозможете му да учи педалирање и управување, со ваша контрола преку рачката за родителот која е уште тука. Секако се вади и заштитната преграда па детето слободно седи во седиштето.
- Фаза - 4 (30-36 месеци): одстранете ја родителската рачка и овмозможете му на детето потполно само и непречено да ја превземе целосната контрола.
- Touch steering - уникатен систем на управување само со лесен допир на рачката без и најмал напор за родителите, без болки во зглобовите.
- Копче за промена на контролата на управување помеѓу родителот и детето. Само притиснете го копчето и завртете го тркалото за 180 степени и предајте му ја контролата на детето или пак вратете ја назад кај вас.
- Педали со 2 фази на вежбање: 1 фаза му дозволува на детето да врти (вежба) во празно и вие ја имате потполната контрола, 2 фаза - кога сметате дека детето е спремно, со притискање на дискот на тркалото навнатре му овозможувате тоа вистински да педалира.
- Предни амортизери како абсорбери на шокови кои овозможуваат мазно движење на нерамен терен.
- Со посебни држачи за нозе кои се склопиви и се користат додека детето е се уште мало. Истите може да се соберат навнатре кога детето ќе биде способно само да педалира.
- Тркала обложени со мека гума со високи амортизациони карактеристики.
- На рачката е сместен несесер за сите потрепштини на родителите. Поседува голема шопинг торба и кутија за играчки за да се понесе се што е неопходно, па дури и повеќе и тоа.
- Сигурносни ремени со 3 позиции и заштитна преграда за детето да остане сигурно во седиштето.
- Висок наслон за правилно седење на детето. Седиштето е поставено со мек и удобен материјал.
- Со сончев кров за заштита од директно сончево зрачење.
YouTube видео за карактеристиките на овој производ на линкот подолу:
https://youtu.be/fE324o_LHIY