Smart - Trike Точаче Трицикл "Splash" (10-36 мес.)
- Smart Trike е најпознатиот, најпродаваниот и најнаградуваниот светски бренд на точачиња - трицикли, присатен во преку 80 земји во светот.
- Smart Trike SPLASH е трицикал наменет за деца од 10-36 месеци, изработен од трајни високо-квалитетни материјали и ќе ви овозможи долги години користење и забава.
- Splash е паметен трицикал кој го прати растот и развојот на вашето дете преку прилагодување во 5 фази:
- Фаза 1 (10+ месеци): детето е удобно поставено во наслонот кој е целосно навален наназад. Може удобно да отспие или да ужива во возењето, обезбедено со сигурносните ремени и заштитната преграда, додека целосна контрола врз управувањето имаат родителите.
- Фаза - 2 (15+ месеци): детето е удобно поставено во високиот наслон, педалите се склопени, а нозете слободно поставени врз додатоците за одмор на нозете кои исто така се склопиви. Родителот има целосна контрола во управувањето на точачето. И понатаму детето е обезбедено со заштитната преграда и ремените.
- Фаза - 3 (18+ месеци): детето седи исправено, покривот, високиот наслон и заштитната преграда се вадат. Родителот се уште има целосна контрола на управувањето. Децата и понатаму уживаат и ја унапредуваат самодовербата, ги развиваат своите моторички вештини и способноста за балансирање.
- Фаза - 4 (24+ месеци): со притискање на копчето на предното тркало префрлете ја контролата врз педалите и управувачот кај детето и овозможете му да учи педалирање и управување, со ваша контрола преку рачката за родителот која е уште тука.
- Фаза - 5 (30-36 месеци): одстранете ја родителската рачка и овмозможете му на детето потполно само и непречено да ја превземе целосната контрола.
- Touch steering - уникатен систем на управување само со лесен допир на рачката без и најмал напор за родителите, без болки во зглобовите.
- Копче за промена на контролата на управување помеѓу родителот и детето. Само притиснете го копчето и завртете го тркалото за 180 степени и предајте му ја контролата на детето или пак вратете ја назад кај вас.
- Педали со 2 фази на вежбање: 1 фаза му дозволува на детето да врти (вежба) во празно и вие ја имате потполната контрола, 2 фаза - кога сметате дека детето е спремно, со притискање на дискот на тркалото навнатре му овозможувате тоа вистински да педалира.
- Предни амортизери како абсорбери на шокови кои овозможуваат мазно движење на нерамен терен.
- Со посебни држачи за нозе кои се склопиви и се користат додека детето е се уште мало. Истите може да се соберат навнатре кога детето ќе биде способно само да педалира.
- Седиште со висок наслон обложено со мек и удобен материјал, со подесив агол на седење до 110 степени.
- Тркала обложени со мека гума со високи амортизациони карактеристики.
- На рачката е сместен несесер за сите потрепштини на родителите. Поседува голема шопинг торба и кутија за играчки за да се понесе се што е неопходно, па дури и повеќе и тоа.
- Сигурносни ремени со 3 позиции и заштитна преграда за детето да остане сигурно во седиштето.
- Со сончев кров за заштита од директно сончево зрачење.
- Држач за чаша или шишенце.
YouTube видео за карактеристиките на овој производ на линкот подолу:
https://youtu.be/PI9csuYlUjI