NUK Medic Pro цуцла за деца со расцеп на непце - Palatoschisis
Деформациите на усната шуплина кои се јавуваат како вродени недостатоци кај децата неретко се непријатност која може да предизвика шок и разочараност кај семејството. Но тоа навистина не треба да биде така, бидејќи со едноставна хирушка интервенција овие деформации нашите врвни хирурзи можат да ги корегираат до непрепознатливост. Овој хирушки зафат не се практикува да се изведува веднаш по раѓањето туку е потребен одреден период бебето на зајакне, како физички така и имунолошки (обично оваа проценка ја дава лекарот). Перидот до интервенцијата е доста специфичен бидејќи поради деформацијата на непцето, (расцепот) бебето не е способно самостојно да се храни т.е. да цица. Ова поради тоа што деформацијата не му овозможува на бебето да создаде интра-орален негативен притисок и на тој начин да повлече храна. Споменавме веќе дека до хирушката интевенција детето треба физички да зајкне, а тоа не е можно доколку не се храни соодветно и редовно. Овој проблем го решава NUK цуцлата за Palatochisis (расцеп на непце) која со својата форма се прилагодува на обликот на деформацијата на непцето т.е. го затвора расцепот и му овозможува на детето да создаде негативен притисок и да повлече храна. Оваа цуцла нема отвор. Истиот треба да се направи на долната страна на цуцлата со помош на чепкалка и ножички, а по препорака на лекарот (приложено е упатство).
NUK цуцлата за палатошиза е изработена од природен латекс, произведена е во Германија и е клинички тестирана. Оваа цуцла се користи во Германските и светските болници и клиники повеќе од 40 години.
General | |
Brand | NUK |
Kategorija | MEDIC Proi |
Vozrast | 0+ |
Sodrzina | Specijalna cucla za deca so rasceo na nepce -Palatoschisis. |
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕУРОАЛБА ДООЕЛ
ул. Партизански одреди 64г, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)2 306 5717
e-mail : euroalba@euroalba.com.mk
ЕМБС: 5559928 | ЕДБ : MK4030001426797
Жиро сметка: 210 055599280 112
Тутунска банка Скопје